
Германија постигна трговски суфицит од 241,2 милијарди евра во 2024 година, покажуваат податоците на Дестатис. Извозот изнесуваше 1,55 илјади милијарди евра, а увозот 1,31 илјади милијарди евра. Извозот е намален за 1,3 отсто, а увозот за три отсто во однос на 2023 година, јавува „Анадолија“.
На годишна основа, германскиот извоз пораснал за 3,4 отсто во декември на 131,7 милијарди евра, додека увозот исто така пораснал за 4,5 отсто на 111,1 милијарди евра.
Извозот во земјите-членки на ЕУ во декември изнесува 72,4 милијарди евра, додека увозот од овие земји во истиот период изнесува 57 милијарди евра.
Надвор од ЕУ Германија извезла стоки во вредност од 59,3 милијарди евра во декември 2024 година. Најголем дел од германскиот извоз во декември отишол во САД, вкупно 13,5 милијарди евра.
Во меѓувреме, извозот во Кина пораснал за 1,4 отсто на 6,7 милијарди евра, а во Обединетото Кралство е намален за три отсто, на три милијарди евра.
Најголем дел од увозот во декември дошол од Кина, во вкупна вредност од 13,4 милијарди евра.