
Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба. Југ почина на 54 години од кои осум ги помина зад решетки.
Неколку часа пред смртта, тој на својот профил има јасна и директна порака до одредана група луѓе.
-Во омарот имам две одела. Едното е она во кое скоро сите ме препознаваат, во она другото многу малку луѓе ме имаат видено. Пред многу години си ветив себеси и на фамилијата дека тоа одело никогаш нема да го извадам од ормарот и веќе никогаш нема да го облечам.
Тоа одело го симболизира стариот јас, Игор Југ кој 99% од вас не го познаваат, неговата црна страна. И ќе си го оддржев зборот, мразам да лижам кај што сум плукал, секогаш си ги одржувам ветувањата.
Но, постапките на некои луѓе во изминатите години ме тераат со сила повторно да го облечам старото одело и да се вратам на стариот начин на функционирање. Едноставно преку некои работи и понижувања не се поминува.
Едно само нека знаат тие што ме тераат да им се покажам во оделото кое со години го ставив во заборав.
Ако еднаш го облечам старото одело, додека не умрам нема да го соблечам. А последиците на проклетстовото кои тоа одело ги носи, ќе ги почуствувате вие господа, кои со своите идиотски постапки ме натеравте да го извадам оделото кое никому не му донело добро!
П.С. Го пробав, се уште добро ми стои, а и сеуште добро функционирам во него и знам да ги користам неговите моќи!!!, напиша Игор Југ.