Лажни дојави за бомби имало во основни училишта во Кочани, Виница и Зрновци

Утрово две основни училишта во Кочани и Зрновци и во Виница добиле дојави за наводно поставени бомби во училишните згради. Учениците од училишта се веќе евакуирани, а припадници на полицијата вршат безбедносни проверки.

Станува збор за ООУ „Малина Попиванова“ во Кочани и Основното училиште „Синиша Стоилов“ во Зрновци.

Учениците и вработените навремено се евакуирани.

-Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување, информира МВР.

Напоредно со ова, наведува Министерството, се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.

-Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави. Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот, се наведува во соопштението на МВР.