
Поранешните НБА ѕвезди а сега коментатори на најсилната кошаркарска лига во светот, Чарлс Баркли, Шекил О’Нил и Кени Смит ги избраа своите тимови за овогодинешниот „Ол стар“ дуел кој ќе се одржи на 16-ти февруари во Сан Франциско.
Баркли се потпираше на „меѓународните сили“, па „Тим Чак“ ќе го претставуваат Србинот Никола Јокиќ, Гркот Јанис Адетокумбо, Французинот Виктор Вембањама, Турчинот Алперен Сенгун, Канаѓанецот Шаи Гилџеус-Александер, Камерунецот Паскал Сиакам, Доминиканецот Карл Ентони-Таунс и Американецот Донован Мичел.
„Тимот Шек“ го сочинуваат претежно ветераните Леброн Џејмс, Стивен Кари, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум, Кевин Дурент, Демијан Лилард, Џејмс Харден и Џејлен Браун, додека „Тимот Кени“ ќе го претставуваат Ентони Едвардс, Џејлен Брунсон, Џерен Џексон, Џејлен Хер Вилијамс, Џејлен Хер Вилијамс.
Оваа година натпреарот „Ол Стар“ ќе се игра во нов формат, поточно мини-турнир на четири екипи со по осум играчи, три избрани од Баркли, О’Нил и Смит од играчите кои добија најмногу гласови од навивачите, медиумите и тренерите, додека четвртиот тим ќе го сочинуваат играчи од победничкиот тим од претстојната пресметка на ѕвездите во подем, која ќе се игра на 14-ти февруари. Најпрво ќе се одиграат два полуфинални натпревара, а победниците од тие полуфиналиња ќе ги одмерат силите во финалето. Сите три натпревара ќе се играат на тој начин што победник ќе биде тимот кој прв ќе постигне или ќе помине 40 поени.