
Фудбалерите на Кристал Палас се пласираа во осминафиналето на англискиот ФА Куп по победата од 2:0 на гости кај Донкастер.
Кристал Палас рутински ја заврши работата против актуелниот третопласиран тим во англиската четврта лига, постигнувајќи по еден гол во секое полувреме. Муњоз ги доведе гостите во водство во 31. минута, додека Девени во 55. минута постигна гол за 2:0.
Во осминафиналето Кристал Палас на домашен терен ќе игра против Милвол.
Претходно во четвртото коло се пласираа Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Милвол, Ипсвич, Престон, Фулам, Барнли, Бурнемаут, Кардиф, Њукасл, Брајтон, Плимут, Вулверхемптон и Астон Вила.
Последниот натпревар од четвртото коло се игра во вторник, а се среќаваат Ексетер и Нотингем Форест.