
Кремљ во понеделникот соопшти дека чека повеќе детали за планот на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа, идеја што наиде на осуда од многу земји.
Трамп во неделата рече дека е посветен на обновување, купување и поседување на палестинската крајбрежна енклава која би требало да стане „блискоисточна ривиера“, но дека делови од земјата разурната од војна може да бидат обновени и од други земји на Блискиот исток.
Запрашан дали планот на Трамп е прифатлив за Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори во понеделникот дека во Газа во моментов живеат најмалку 1,2 милиони луѓе, од 2,3-милионското населени на енклавата.
„Во однос на ова, веројатно треба да почекаме некои детали, ако зборуваме за конзистентен план за дејствување. Речиси 1,2 милиони Палестинци живеат таму. Ова е веројатно главното прашање. Тоа се луѓето на кои им беше ветено решение со две држави за блискоисточниот проблем со релевантните резолуции на Советот за безбедност. Има многу такви прашања. Сè уште не ги знаеме деталите, па затоа треба да бидеме трпеливи на изјавите на Трамп“, рече Песков за коментирате на американскиот претседател.