
Во мојата најнова книга „МАКЕДОНСКАТА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ОБЛАЧНОСТ“, каде се сместени мои текстови, колумни, анализи од периодот 2023-2024 година (неколку месеци пред завршувањето на 2024 година) меѓу другото се напишани колумни, анализи и за Уставниот суд под раководство на Добрила Кацарска.
Почитувани читатели, во ова пригода сакам да Ве потсетам за да не се заборави, преку моите колумни, анализи како работеше Уставниот суд во Македонија под раководство на Кацарска.
Имено, овој судија под директива од Бихаќка (Зоран Заев) политички ги осудува нашите уставобранители од 27 април 2017 година, за класично фингиран монтиран процес „тероризам“. Ваквите политички пресуди во европските судови се пример, како не треба да се суди и како се носат политички судски одлуки. Така, овој случај се изучува на Правниот факултет на универзитетот во Колумбија во САД, ама во негативна конотација, за тоа како не треба да се суди. Тука е и ставот на Врховниот суд на Шведска, кој смета дека овој предмет е смешен, политички монтиран и дека нема никаква поврзаност со терористички загрозувања на уставниот поредок. Затоа еден од осумничените, Дејан Давидовски, добил азил во Шведска и одбиено е барањето за негова екстрадиција од македонските власти.
Само за потсетување, почитувани читатели, дека Шведска од 1 јануари 2023 година, за наредните шест месеци го презеде претседателството со Советот на Европската Унија од Чешка. Во програмата на своето претседателство, шведската влада постави четири приоритети, каде што како четврти приоритет се демократските вредности и владеење на правото. На овој план Македонија е на дното, односно доверба на правосудниот систем е ZERO – НУЛА (по мене и поголемо граѓанство во Македонија). А, за Кацарска, довербата на граѓаните во Уставниот суд е зголемен. Од Кацарска, што е многу, многу е. Трагикомично. Да, има најголема доверба од Заев, Таче, Османи, Абаз, Пендаровски, а тоа е 0,00001 %.
Дека, се’ е политички доволно говори дека беа амнестирани ликови за политички цели. За промена на уставното име. Taa e eдна од гробарите на македонското правосудство. За нејзината одработена политичка активност, добива политичка награда преку РЕПУБЛИЧКИОТ СУДСКИ СОВЕТ, односно предложена е за уставен судија до Собранието на Македонија, и оттаму по директива на мнозинството (СДСМ-ДУИ) политички е назначена за уставен судија на Македонија. И е избрана за претседател на Уставниот суд.
Под водство на Кацарска, Уставниот суд го губи столбот на државноста
И со нејзиното поставување за претседател на Уставниот суд, Добрила Кацарска сака да остави впечаток како прави „големи реформи“ во институцијата, ангажирала новинар како портпарол, држи прес конференции и се фали. Но, за да осознаете што вистински се случува во судот, драги читатели, доволно е да дојдете во влезот каде што ќе ве пречека тазе поставен детектор. Да, детектор кој никогаш не постоел во Уставниот суд, затоа што има човечко обезбедување и затоа што во институцијата нема фрекфенција на надворешни лица. Детекторот има симболика, тоа е матрицата на првиот човек! Така функционира, таква совест носи.
За да ја оживееме меморијата почитувани читатели, сакам уште еднаш, да Ве потсетам дека Добрила Кацарска кога беше судија во процесот по предметот за случувањата од 27 април, во октомври 2018-та казни со по 1.000 евра, 50 адвокати и ги отстрани од судница. Во 2019 година, Уставниот суд ги поништи тие решенија на партизираната Кацарска, а веднаш потоа дотичната станува претседател на Уставниот суд. Катастрофа!
Каков преседан, генерации студенти по право ќе можат да го земаат за пример, како не треба да се постапува во судски процеси. Воедно, сакам јавно да прашам дали е точно дека Добрила Кацарска одлучува кој советник, односно на кој судија која поднесена иницијатива ќе му се додели да ја води, наместо тоа да го прави генералниот секретар како што е според Деловникот за работа на судот?
Колку се сеќавам во јавноста имаше бранување за доделување предмети поврзан со системот АКМИС само што сега никој не реагира. Згора на се’, според мои информации, портпаролката новинар, правела годишни прегледи наместо советник кој е стручен за тоа. Ова прашање е само вовед во сталинистичко-послушничкиот модел кој владее во оваа институција. Да се држи под контрола се’!
Ако ја заследите веб страницата на Уставниот суд, ќе видите дека во мандатот на Кацарска постојано има огласи за вработување. Што е уште поважно и индикативно Министерството за финансии постојано и дава согласности, и исполнува желби додека многу други институции не можат ни 3 вработувања да остварат во годината. Зошто власта и’ удоволува на претседателката Кацарска, не е тешко да претпоставите, заслужна е, послушна е, спроведува максимално прецизно. Бидејќи долго време сум во контакт со Уставниот суд, ги следам како работат знам дека со децении тој броеше околу 20 вработени, а денес има над 40 или за 100% е зголемен бројот на вработувања. Неверојатно и скандалозно, што ќе работаат тие нововработени советници кои сега се на број 17, а би имале само 5 предмети годишно?!
Она што сигурно има право да го знае јавноста е дека кадровите комисии за вработување на СДСМ и ДУИ одлично се координираат во Уставниот суд. Најпрво кога коалиционите партнери ја носат Добрила Кацарска како претседател на Уставен суд таа со себе ги носи најблиските соработници од Кривичен суд (тоа е удар на квалитетот на работата, кривичарите не се компетентни за уставното право).
Во мандатот на Добрила Кацарска судот станува партиски одбор на СДСМ и ДУИ, еве само еден пример:
Тодор Костадиновски, советник на СДСМ од општина Кисела Вода во два мандата по препорака на кадровата комисија на партијата, Кацарска го вработува. Овие податоци може да ги најдете на веб страницата на општина Кисела Вода и Уставниот суд. Користам пак прилика да ја прашам „бранителката“ на уставното право дали така го браните правото, кога вработувате политички активист во Уставен суд каде што треба да има непристрасност? Како советник во судот е вработена и Сузана Фетаи, ќерка на амбасадорот проф.д-р Милам Фетаи во Хрватска, инаку кадар на ДУИ.
Не, помалку штетна и кадровата политика на партиско – роднински вработувања што директно се одразува на ефикасноста на работата на Уставниот суд. Ќе информирам за лица кои се вработени од Добрила Кацарска, а се по владино – партиска линија:
- 1. м-р Екрем Халимовски, поранешен шеф на кабинет на Министерот за информатичко општество и администрација, од редот на владината коалиција. Вработен на позиција Советник на судот.
- Магдалена Спасова Паункова, сопруга на кабинетски службеник на претседателот Стево Пендаровски, д-р Алескандар Спасов. Вработена на позиција Советник на суд, а претходно вработена во нотарска канцеларија.
- д-р Сања Гелевска Трајчевски, ќерка на професорот од Правен факултет, проф.д-р Симеон Гелевски, претходно вработена во Јавното скопско претпријатие (ЈСП).
За да види јавноста како Кацарска воведува партизација „од возач до претседател“ ќе споменам дека и
- Дејан Крстевски, активист на СДСМ во Ѓорче Петров е вработен на место возач, иако претседателката, нема потреба од возач, бидејќи и следи од СОЗР…
Вработена е и сестрата на заменик министерот за правда, образование Агим Нухиу (оној со образовен криминал), донесени се сигурни и доверливи лица од канцеларијата на Народниот правобранител, стручни соработници од редовните судови, од адвокатска канцеларија. За сите нив, карактеристично е што од најниско звање веднаш добиваат највисоко звање – советници на суд, иако немаат искуство со уставното право, тие треба веднаш да оценуваат уставност и законитост. Правник од ЈСП ќе оценува уставност, какво уривање на поредокот. Секоја идна влада што нема да биде составена од СДСМ ќе има сериозен проблем да комуницира со судот, бидејќи целосно е завладеан од партиските елити на Димитар Ковачевски. Дури и обезбедувањето на Добрила Кацарска учествува во кадровата политика на вработувања, така што си вработуваат сестри, роднини и активисти од ОО СДСМ Илинден.
Почитувани читатели, само да ве потсетам ќе изнесам фрапантни податоци за (не)работата на Уставниот суд воден од Добрила Кацарска кои укажуваат на повреда на правото, расипништво и партизација. Ароганцијата и сигурноста во себе на Кацарска потекнува од фактот што „нејзините се на власт“.
Во низата на политичко – партиски игри, претседателката на судот не постапува по иницијативата за Указот за Преспанскиот договор. Ова лесно може да се провери и станува јасно зошто е тоа така. Второ, Добрила Кацарска ја отфрла иницијативата за оцена на изборот на Талат Џафери, под образложение дека „се работи за поединечен акт“. Додека по тужба пред Управниот суд, од ист подносител, овој суд ја отфрла со образложение дека е општ акт?! Нон сенс! Во време на мандатот на големата „реформаторка“ на Уставниот суд, две одлуки на судот во делата за заштита на слободи и права паѓаат пред Европскиот суд за човекови права. Ги предизвикувам медиумите да ги проверат овие наводи.
За умисленоста на владиниот повереник во Уставниот суд, Добрила Кацарска, говори и тоа дека кога го презентираше извештајот за работата на судот за 2022 година, таа рече дека судот донел дури девет (9) одлуки. Замислете! Па, сите ние кои ја следиме неговата работа знаеме дека Уставниот суд носел и по 40 одлуки во минатото и овој факт се проверува. Тоа што ми падна во очи како провиден Пи-Ар е фалењето на Кацарска дека заштедила на електрична енергија (притоа не кажа колку потрошила). А, во меѓувреме вработува 30 партиски војници коишто нема што да работат и купува скап детектор, така таа го чува буџетот.
Како шокантно можам да ви ја најавам одлуката на Добрила Кацарска, да вработи преведувачи од албански јазик за да ги преведуваат одлуките на судот, а замислите Уставниот суд сеуште не се произнел за Законот за употреба на јазиците?! Тоа е типично наговестување каква Одлука ќе донесе судот, ако ја донесе. Да, потсетиме дека и Венецијанската комисија имаше забелешки за примената на овој Закон во судството, а и сеуште не е ставен за разгледување на седница на судот.
Почитувани читатели, Уставниот суд како столб на државноста секогаш бил препознатлив и ефикасен, особено, кога бил воден од такви имиња како Перо Коробар, Милан Недков, Тодор Џунов, авторитети и вистински бранители на Уставот. А, денес Уставниот суд е партиски превработен, бастион со нестручни кадри.
Но, Кацарска создава имиџ дека се’ почнува од неа, дури вели дека таа обезбедила портпарол на институцијата, што не е точно, од секогаш работел портпарол во судот, лично со него имам контактирано.
Ве уверувам дека ова понижување на Уставниот суд нема да се заборави, допрва ќе ги информирам амбасадорите, а после промената на власта која ја штити Добрила Кацарска верувам дека надлежните институции ќе интервенираат за нејзината злоупотреба.
Во борба против криминалот, корупцијата и непотизмот на Кацарска во Уставниот суд!
Кацарска-инфлуенсер на СДСМ до крајот на мандатот
Почитувани читатели, поодамна си имам ветено дека ништо не може да ме шокира поради животното искуство и возраста. На мојот професионален пат сум се сретнал секакви нелогичности и неадекватни однесувања. Но, кога ја прочитав последната изјава на Добрила Кацарска дадена за бугарски медиум, ми требаше неколку минути да се соземам па да почнам во умот да го обработувам тоа што го кажала.
Новинарското прашање oд интервјуто за ТВ Нова кое е пренесено кај нас на 27 ноември 2023 година, гласи „Но, конкретно дали бугарското малцинство е спорно за скопските политичари, затоа прашувам дали постои правна пречка?“ Кацарска одговора: „Категорично нагласувам дека законска пречка не постои затоа што сите граѓани се еднакви. Кој е тоа закон кој би забранил нешто на граѓаните коишто се чувствуваат како Бугари, а би го овозможил на граѓаните коишто се дел од народите кои ги набројав? Значи, законска пречка не постои“.
Навивањето си има своја предисторија.
Од интервју во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 од септември 2023 година медиумите парафразираа што Кацарска кажала: Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска тврди дека нема ништо да се загуби ако се вклучат Бугарите и другите народи во Уставот, со што Македонија ќе продолжи со отворање на кластерите од преговорите со ЕУ. Според неа, не треба да им се попречува на младите и на другите граѓани да им биде полесен животот, со тоа што државата ќе влезе во европското семејство.
Дека Добрила Кацарска е партиски воин со еполети од СДСМ тоа се знае, ниту таа го крие, ниту некој и ја демантира таа улога. Но, претседател на Уставен суд да се стави како воено-позадински орган на актуелната власт (СДСМ-ДУИ) во политички прашања, во промовирање на владини тези, а притоа да нè потенцира дека е личен став, тоа е нешто што професорите по уставно право на Правниот факултет па и пошироко мора да го презентираат како добар-лош пример за инструментализација на Уставен суд (планирам лично да ја преведам оваа колумна и да ја пратам до сите универзитети во Европската Унија).
Дали треба да има уставни измени е друга тема што мислам дека е исцрпена по она што го покажуваат анкетите за мислењето на граѓаните и независните експерти.
Но, лично барам јавно одговори на следново прашање:
– Дали Колегиумот на Уставниот суд, составен од судиите и генералниот секретар како позитивна пракса дебатирал и дозволил претседателката да дава политички и лобистички изјави како наведената за прашање што не е само правно? Ако да, да се презентира Записникот пред граѓаните. Ако не, само се потврдува дека Добрила Кацарска е диктатор каков што ја знаеме, таа суди и пресудува.
Бидејќи на дотичната и’ се наближува крајот на мандатот некаде во јуни идната година, па токму поради тоа е на пречести патувања во странство, ќе барам преку слободен пристап до информации од јавен карактер, колку средства потрошила за патувања. Но додека е во Уставниот суд, претседателката која со кран беше донесена таму продолжува интерно да ги крши процедурите за работа, по своеволни толкувања. Па така, замислете почитувани читатели, за првпат од постоењето на Уставниот суд, во рефератите на судиите известители за седница, се ставал ставот и на советникот ако е различен од ставот на судијата и за него се дискутирало на седница! Советникот советува судија, а не се дискутира за неговиот став. Какво девалвирање на функцијата уставен судија, советникот кој треба да го советува судијата по некои прашања од уставното право, може да го замени или да му се наметне. Игра на двојство, на правење шеми за посакувани ставови! Друга работа, претседателката си селектирала кои Одлуки на Уставниот суд ќе ги потпише кои не, и тие што не и се допаѓаат си ги чувала во фиока така на подолго време. Е со вакви претседатели на Уставни судии веднаш ќе не примат во Европската Унија!
Ја следам како се топори и прави имиџ со прашањето за уставна жалба, и не знам дали да се смеам или да заплачам. За жалба говори личноста Добрила Кацарска која сакам уште еднаш, да Ве потсетам дека кога беше судија во процесот по предметот за случувањата од 27 април, во октомври 2018-та казни со по 1.000 евра, 50 адвокати и ги отстрани од судница. Во 2019 година, Уставниот суд ги поништи тие решенија и политички (СДСМ и ДУИ) дотичната стана претседател на Уставниот суд.
А на регионалната конференција на која се зборуваше за уставна жалба, Добрила Кацарска побарала нов објект за Уставниот суд. Веројатно и пречи што постоечкиот не е направен од оваа Влада, а во кој сум влегол и ги задоволува стандардите, но не може веќе да прими кадри од СДСМ и ДУИ, преполн е.
Кацарска реши да ги игнорира, изгледа по наговор на портпаролката дека со тек на време ќе се заборави што е пишувано, кој видел видел. Јавноста не заборава, јас не заборавам само трпеливо собирам материјали. Овде за критика се сите институции кои молчеа за наводите во моите колумни, барем да ги провереа. Нејсе, во друго време.
Во оваа прилика сакам да и се обратам на опозицијата (тогаш ВМРО-ДПМНЕ). Господа, доколку дојдете на власт морате со посебен Закон во Собранието да ги разрешите сите уставни судии. Да бидат предложени и избрани стручни и компетентни професионалци, во спротивно ќе имате штаб на опозицијата на Бихачка и во Уставен суд.
Тоа е помал проблем од тоа што таквата институција партизирана ќе пречи во нашите евроинтеграции. Добрила Кацарска нема да биде претседател од јуни 2024 година, но нејзината улога не е епизодна. И вас во иднина ќе ве потсетувам и ќе барам детална ревизија од Државниот завод за ревизија, инспекциски надзор од Управниот и Трудовиот инспекторат, колку пати е менувана систематизацијата за потребите на милениците на Кацарска, по препорака на кадровите комисии на СДСМ и ДУИ, да се истражат моите тврдења дека вработувани се сопартијци, роднини и пријатели на функционери од овие партии и од кабинетот на Стево Пендаровски, да се провери дека за 100 осто(%) е зголемен бројот на вработени со неадекватно образование и искуство кои буквално нема што да работат и каде да седат.
Продолжувам да ги следам чекорите на Уставниот суд на Македонија!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес