
Вечерва во 18 часот и 43 минути сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа силен земјотрес во Далмација.
Магнитудата на земјотресот бил 4,8 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил VI степени според ЕМС.
Земјотресот бил почувствуван во поширокото задарско подрачје, а според првичните информации во Лика, Шибеник и Сплит.
Задарскиот жупански центар 112 нема добиено пријави од граѓани за материјална штета или повредени лица.