Трамп: САД ќе ја зголемат продажбата на оружје на Индија, таа ќе купува повеќе американска нафта и гас

Соединетите држави ќе ја зголемат продажбата на воена опрема за Индија почнувајќи од 2025 година и на крајот ќе ѝ обезбедат набавки на скапите борбени авиони „F-35“, изјави во четвртокот американскиот претседател Доналд Трамп.

Обраќајќи се на заедничката прес-конференција по средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, Трамп, исто така, рече дека земјите постигнале договор што вклучува Индија да увезе повеќе американска нафта и гас за да го намали трговскиот дефицит меѓу двете земји.

Трамп, исто така, рече дека Вашингтон и Њу Делхи ќе работат заедно за да се спротивстават на, како што рече, „заканата од радикалниот исламски тероризам“.