ВИДЕО| Градоначалникот на општина Ѓорче Петров бара поригорозни казни и расчистување со несовесните возачи

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, беше гостин во најновиот „Наткаст“ на новинарот Љупчо Цветановски.

Зборуваа за повеќе теми, а во пресрет на локалните избори кои треба да се одржат есенва беше отворено и прашањето дали е негова амбиција да се кандидира за градоначалник на Град Скопје.

Но покрај теми од локалната самоуправа, тој беше прашан и за сообраќајните несреќи кои се случуваа во Македонија, кои завршуваат трагично за жртвите.

Ова што се случува е страотно, јас пред некоја година, имаше сообраќајна несреќа кај „Сити Мол“, јас се најдов не лице место, практично бев сведок на настанот и знам мене каква траума мене ми предизвика и претпоставувам дека овој момент е исклучително тежок не само за семејството, туку и за целото општество… вели Стојкоски.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KURIR.MK (@kurir.mk_official)