
Германците „нема да прифатат трети страни да интервенираат во име“ на кајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) една седмица пред вонредните паеламентарни избори во земјата, рече во саботата канцеларот Олаф Шолц, по изјавата од претходниот ден на американскиот потпретседател ЏејДи Венс.
„Насоката во која ќе се движи нашата демократија зависи само од нас. Ние и никој друг“, рече Олаф Шолц во говорот пред меѓународните лидери собрани на Конференцијата за безбедност во Минхен.
Ја осуди интервенцијата на втората личност од Вашингтон, која во петокот индиркетно ги критикуваше изолациите на суверенистичките крајно десни партии во земјите во Европската унија да учествуваат во власта и покрај нивната висока доверба кај избирачите како и поништувањето на изборите во Романија, и последователно блокирањето на AfD во Германија и се залагаше за укинување на таканаречениот „огноѕид“ или „санитарниот кордон“ кон оваа партикја.
„Тоа не е направено – особено не меѓу пријателите и сојузниците“, одговори германскиот канцелар.
Говорот на ЏејДи Венс ги вџаши европските челници, од кои многумина на ноемвриските избори во САД ја поддржуваат противкандиатката на актуелниот претседател Доналд Трамп, поради нападот поради, како што рече „цензурата“ и ограничувањето на слободата на говорот во нивните земји. Тој конкретно ги целеше етаблираните германски партии кои отфрлаат каков и да е сојуз со AfD, којашто веќе втора година е втора политичка сила според поддршката од граѓаните.
И покрај тоа, Германија, која го направи трансатлантското партнерство столб на својата надворешна и одбранбена политика уште од повоениот период, не е подготвена да им го сврти грбот на Американците.
Германија „ќе продолжи да купува“ американска воена опрема, рече Олаф Шолц кој ниеднаш не реагираше на уништвањето на гасоводите Северен тек во Балтикот со кој неговата земја и германската економија останаа без поевтиниот руски гас, нагласувајќи ја „потребата од силна европска индустрија за оружје“.
За Украина, жешка тема по телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, Олаф Шолц потврди дека може да има мир само доколку се обезбеди суверенитетот на Украина. Германија никогаш нема да поддржи „наметнување мир“ на Киев, додаде тој.
Додека администрацијата на Трамп го преиспитува партиципирањето, особено финансиско, на САД во европската безбедност, шефот на германската влада, исто така, се изјасни против „раздвојувањето на европската и американската безбедност“.
Шолц изразии согласност дека постои „неспорна“ потреба да се „продолжи значително да се зголемуваат“ трошоците за одбрана, над 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП) што Берлин според него моментално ги издвојува.
„Секој дополнителен процент што го трошиме за нашата одбрана бара 43 милијарди евра повеќе годишно“, рече Шолц, залагајќи се за реформи на правилата за „буџетска кочница“ по изборите за да се исклучат трошоците за одбрана.
Обраќањето на канцеларот доаѓа една седмица пред предвремените парламентарни избори на кои се очекува пораз на лидерот на социјалдемократите. Негов противкандидат во Минхен е Фридрих Мерц, конзервативниот кандидат кој во анкетите има солидна предност пред AfD а на третото место се социјалдемократите на Шолц.