Премиер лига: Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед, Ливерпул ја одржува предноста на врвот

Во дербито од 25-ти коло на англискиот фудбалски шампионат, Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0. Решавачкиот гол го постигна Џејмс Медисон во 13. минута од натпреварот, во кој гостите имаа свои шанси, но сепак домашните беа поконкретни и заслужено ги освоија трите бода.

По 35 година, Тотехмен успеа двапати да го порази Манчестер Јунајтед во една сезона. Ова е втора последователна победа на „Спарс“ по седум кола без славје. Од друга страна, Јунајтед го претрпе вториот пораз во низа, а трет во последните четири кола.

Тотенхем сега е 12-ти со 30 бодови, додека Манчестер Јунајтед е на 15-та позиција со 29 бодови.

Во првиот натпревар од неделната програма, Ливерпул потешко од очекуваното го победи Вулверхемптон со 2:1, и ја врати предност од седум бодови од второпласираниот Арсенал.

„Црвените“ поведоа во 15. минута со голот на Луис Дијаз, а на 2:0 зголеми Мохамед Салах од пенал во 37. минута. Матеус Куња израмни во 67. минута и ги врати гостите во живот. Сепак, до крајот на натпреварот немаше повеќе голови, иако во самиот финиш гостите беа поблиску до израмнување.

Ливерпул води на табелата со 60 бодови, Арсенал има 53, а Нотингем Форест е трет со 47 бодови.

Вулверхемптон е на 17. позиција со 19 бода, два повеќе од зоната за испаѓање.