
-Со намера да се релативизираат и занемарат напорите за нормализирање на железничкиот сообраќај, овие денови на некои портали кружи вест дека во возот на релација Скопје – Куманово се возел само еден патник.
Лесно е да се погоди кој е иницијаторот за вакви вести. Тоа се оние кои изминативе 7 години ги укинуваа железничките линии со цел Македонија да нема железница, објави на својот фејсбук профил, Игор Коруновски.
За разлика од нив ние се радуваме на враќање на секоја укината линија и на секој еден нов патник.
Македонски железници ќе продолжи да дава услуги па макар и за еден патник, затоа што секој патник го заслужува тоа и затоа што Македонија мора да има и ќе има железница, се додава во постот, заедно со објавеното видео.
п.с Видеото во прилог е од денешниот попладневен воз Скопје – Куманово.