
Нафтениот картел ОПЕК + би можел да го одложи планираното зголемување на производството на нафта првично најавено за април и покрај повиците на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на глобалните цени на енергетскиот производ. Глобалните пазари на нафта остануваат премногу кревки за да го зголемат производството, изјави за Блумберг еден од делегатите на картелот ОПЕК плус, кој сакаше да остане анонимен.
Друг неименуван делегат рече дека ОПЕК + е поделен по ова прашање и дека конечната одлука сè уште не е донесена.
Потенцијалното одложување на скромното зголемување на производството од 120.000 барели дневно значи дека алијансата предводена од Саудиска Арабија и Русија се откажува од зајакнувањето на производството по четврти пат од 2022 година.
Целта на организацијата е да го зголеми производството за вкупно 2,2 милиони барели дневно до крајот на 2026 година, со постепено зголемување од месец во месец.
Рускиот вицепремиер Александар Новак во понеделникот рече дека оваа временска рамка „останува иста“ и дека сè уште не се зборува за одложување.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во својот месечен извештај во февруари ја задржа својата прогноза за раст на глобалната побарувачка на нафта во 2025 година на 1,45 милиони барели дневно (bpd) и на 1,43 милиони барели дневно во 2026 година.
ОПЕК повторно ја намалува прогнозата за раст на побарувачката на нафта за 2024 и 2025 година
ОПЕК верува дека патниот и воздушниот транспорт ќе ја зголемат потрошувачката на нафта и не очекува потенцијалните трговски царини да влијаат на глобалниот економски раст, објави Ројтерс.