Русија нема проблем Украина да влезе во ЕУ, изјави Песков

Украина има суверено право да ѝ се приклучи на Европската Унија ако сака и Москва нема да ѝ диктира како да го направи тоа, објави денеска Кремљ.

Зборуваме за интеграција и за економски интегративен процес. И тука, се разбира, никој не може да ѝ диктира ништо на која било земја, изјави портпаролот Дмитриј Песков.

Москва сепак нема да дозволи Украина да се приклучи на НАТО и на воени сојузи. „Сосема спротивна е позицијата, се разбира, за безбедносни прашања поврзани со одбраната или воените сојузи“, изјави Песков.