ВИДЕО I Автобус падна во провалија длабока 800 метри во Боливија, загинаа 31 лице, 40 се повредени

Најмалку 31 лице загина во сообраќајна несреќа во Боливија, соопшти полицијата.

Во соопштението се вели дека возачот на автобусот најверојатно изгубил контрола над возилото, поради што автобусот паднал 800 метри во провалија во југозападниот округ Јокала, изјави полициски службеник.

Четиринаесет лица се повредени, меѓу кои и четири деца, изјави претставник на локалната болница.

https://twitter.com/DalioTroy/status/1891688145713823876

Несреќата се случила на патот меѓу градовите Потоси и Оруро, потврди полицијата. Прелиминарната истрага сугерира дека несреќата можеби била предизвикана од пребрзо возење, при што возачот изгубил контрола над автобусот, изјавил за новинската агенција АФП полицискиот полковник Виктор Бенавидес.

Локалната телевизија Unitel објави дека неколку од повредените се во критична состојба.

Ова е најсмртоносната сообраќајна несреќа во Боливија оваа година. Сериозните несреќи се чести на опасните патишта во Боливија, особено во планинските области. Минатиот месец, 19 лица загинаа кога друг автобус излетал од патот во близина на Потоси.

Според податоците на боливиската влада, просечно 1.400 луѓе годишно умираат во сообраќајни несреќи во земјата со околу 12 милиони жители.