
– Руските напади врз јужниот украински град Одеса во текот на ноќта оставија десетици илјади луѓе без греење и електрична енергија, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
– Најмалку 160,000 жители на Одеса сега се без греење и струја. Тринаесет училишта, градинки и неколку болници исто така останаа без струја или греење, истакна Зеленски.