
Американскиот државен секретар Марко Рубио им кажал на своите француски, британски, италијански и германски колеги дека Европската унија ќе биде вклучена во преговорите за војната во Украина, изјави во доцна во вторникот италијанскиот министер за надворешни работи.
Рубио имал телефонски разговор со своите европски колеги, како и со еврокомесарот за надворешни работи Каја Калас, по разговорот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се вели во соопштението на италијанскиот министер Антонио Тајани.
„Зборовите на Руби беа многу јасни. Европа ќе биде вклучена во преговорите од многу јасна причина – воведовме санкции кон Русија, санкциите се на сила и не може да има преговори ако прашањето за санкциите не е на масата, а на масата и оние што ги воведоа и кои ги спроведуваат“, наведува Тајани.