
Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева (ВТА-14.) стана најмладата полуфиналистка во историјата на ВТА 1000 турнирот во Дубаи, откако во четвртфиналниот меч ја совлада полската ривалка Ига Швјонтек (ВТА-2.) со убедливи 6:3, 6:3.
Андреева во петок за место во финалето ќе се бори против Казахстанката Елена Рибакина (ВТА-7.), која ја победи Американката Софија Кенин (ВТА-56.) со 6-2, 7-6(2).
Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Данката Клара Таусон (ВТА-38.) и чешката тенисерка Каролина Мучова (ВТА-17.). Таусон во четвртокот ја победи Чехинката Линда Носкова (ВТА-35.) со 7:6(4), 6:4, додека Мучова ја победи Романката Сорана Цирстеа (ВТА -89.) со 6:2, 7:5.