Европските индекси благо растат, пад на азиските берзи

На повеќето европски берзи цените на акциите благо пораснаа во четвртокот претпладнето, по вчерашниот пад, а тргувањето беше претпазливо поради заканите за царини од Вашингтон и неизвесноста околу мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше речиси непроменет во претпладневнито пресек од тргувањето во однос на вчерашниот ден, кога значително падна. Претпладнево лондонскиот FTSE индекс се намали за 0,36 отсто, на 8.680 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 0,11 отсто, на 22.457 поени, а париски CAC за 0,25 отсто, на 8.130 поени.

Откако вчера значително паднаа поради заканите со царини од Вашингтон, од утрово индексите се стабилни. Сепак, тргувањето е претпазливо, освен заканите за царини, и поради неизвесноста околу мировните преговори меѓу Русија и Украина и претстојните парламентарни избори во Германија.

Инвеститорите се фокусираат и на кварталните деловни резултати на европските компании.

А на азиските берзи цените на акциите паднаа. MSCI индексот на азиските акции беше во минус за околу 1 процент во истиот пресек на пазарот како и во Европа. Јапонскиот индекс Nikkei падна за 1,3 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонгконг паднаа меѓу 0,1 и 1,6 отсто.

Падот на индексот е резултат на стравувањата на инвеститорите од трговска војна, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави зголемување на царините за увоз на автомобили, фармацевтски производи и полупроводници.

Инвеститорите стравуваат дека Кина и Европската унија, меѓу другите, ќе возвратат со зголемување на царините, што може да ја ослаби меѓународната трговија. А тоа, пак, може да предизвика забавување на глобалниот економски раст. Лошото расположение на пазарите е последица и на избледените надежи дека американската централна банка наскоро ќе продолжи да ги намалува каматните стапки.

Вчера беше објавен записникот од последната средба на лидерите на централните банки на САД, кога тие ги оставија каматните стапки непроменети поради високата инфлација. Записниците покажаа дека лидерите на Fed се загрижени за зголемената инфлација и можното влијание на политиките на Трамп, особено царините, врз нивните напори да ја спуштат инфлацијата на целните нивоа. А тоа значи дека Fed најверојатно нема да продолжи да ги намалува каматните стапки во скоро време.