
Актуелниот европски шампион Реал Мадрид го продолжи патот кон одбрана на титулата откако го елиминира Манчестер Сити во плејофот со вкупни 6:3. Имено, по победата со 3:2 во Манчестер, Реал на свој терен го совлада Сити со 3:1.
Судирот на клубовите кои ги освоија последните три европски титули, Реал славеше лани и 2022 година а Сити во 2023 година, заврши со убедливо славје на „Кралскиот клуб“. Тоа беше четврта последователна сезона во која Реал и Сити се сретнаа во нокаут-фазата од Лигата на шампионите и трето славје за шпанскиот претставник. Лани Реал славеше во четвртфиналето, пред две години Сити во полуфиналето, а во 2022 година Реал беше подобар во полуфиналето.

Шпанскиот гигант одлично го започна мечот и Реал дојде во водство на Реал во четвртата минута. Асенсио испрати долга топка до Килан Мбапе кој му побегна на Рубен Диас и ја лобуваше покрај Едерсон за водство од 1:0. Одличниот француски напаѓач го зголеми водството на домашните во 33. минута. Винисиус нафрли од десната страна до Родриго, кој му додаде на Мбапе, кој го измами Гвардиол и погоди за 2:0.
Сите сомнежи, доколку ги имаше, Реал ги реши во 60. минута со третиот гол од деветката на Реал. Овој пат Мбапе постигна прекрасен удар од работ на шеснаесетникот. Сити го ублажи поразот во судиското продолжение. Омар Мармуш ја погоди стативата од слободен удар, а Нико Гонзалес ја смести одбиената топка во мрежата.

Пари Сен Жермен на рутински начин помина низ плејоф рундата, совладувајќи го противникот од домашниот шампионат Брест со вкупни 10:0. ПСЖ победи со 3:0 на гости, а беше уште поубедлив на „Паркот на принцовите“ победувајќи со 7:0. За парискиот тим погодија Бредли Баркола (20), Квича Кваратшхелија (39), Витиња (59), Дезир Дуе (64), Нуно Мендес (69), Гонкало Рамос (76) и Сени Мајулу (86).

Во првиот натпревар одигран во средата, фудбалерите на Борусија Дортмунд одиграа 0:0 против Спортинг и со тоа ја одбранија убедливата победа од 3:0 од Лисабон.

Фудбалерите на ПСВ Ајндховен се последните патници во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако го елиминираа Јувентус во плејофот. Јуве го доби првиот натпревар во Торино со 2:1, а ПСВ во реваншот победи со 3:1 по продолженијата. Стрелци за холандскиот тим беа Иван Перишиќ (53), Исмаел Саибари (74) и Рајан Фламинго (98), додека за Јувентус погоди Тимоти Веа (63).
Јуве на тој начин стана третиот италијански клуб кој испаднал во плеј-офот, откако Милан и Аталанта ја завршија европската приказна во вторникот, додека ПСВ е вториот холандски клуб во осминафиналето откако Феенорд го елиминираше Милан.
Во вторникот во осминафиналето се пласираа Баерн Минхен, Бенфика, Клуб Бриж и Феенорд.