
Центарот за Европа на Атлантскиот совет беше домаќин на премиерот Христијан Мицкоски. Во интервјуто за телевизијата на Атланскиот совет премиерот на Македонија говореше за иднината на трансатлантските односи во Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во ЕУ. Тој ја нагласи улогата на коридорите коипоминуваат низ Макеоднија и какво е нивното значење за НАТО, како и за гасоводот Александропулис.
Мицкоски се осврна на американските инвестиции во нашата земја.
Премиерот беше прашан за уставните измени, односно за внесување на Бугарите во Уставот. Тој рече дека ЕУ нема ист критериум во однос на човечките права, бидејќи Судот за човекови права во Стразбур донесе 14 пресуди во корсит на македонското малцинство во Бугарија, а таа како членка на ЕУ не ги спроведува.
Мицкоски зборуваше за корупцијата и за тоа како се спарвува власта.
Прашан за војната во Украина тој рече дека Македонија во топ 5 земјите кои донирале опрема и оружје на оваа земја . Во оваа прилика ја осуди руската агресија на Украина. Нагласи дека е нелогично во ЕУ да молчат кога нивна членка го негира нашиот јазик кој е признаен и во ОН.
Премиерот Христијан Мицкоски застана на страната на ставот на ЕУ кои останаа на ставот дека Украина е нападната од Русија, со цел да го негираат нивниот идентитет и јазик. Но во исто време ја потсети ЕУ дека во Унијата, Бугарија како земја членка го негира македонскиот идентитет и јазик. Им порача, дека мора да имаат исти пристап до двата слуачи.
„Оваа војна и агресија на Русија кон Украина е нешто ужасно. Ние мора да и помогнеме на Украина и луѓето таму. Бидејќи Русија има за цел да го негира украинскиот идентитет и јазик. Тоа е ужасно, страшно. Но во исто време, Парламентот на една од земјите во ЕУ, го негираше македонскиот идентитет и македонскиот јазик кој е мој мајчин јазик, кодифициран од 1977 година. Ние мора да имаме исти пристап во двата случаи“, рече Мицкоски.
Тој продолжи: „Таму има инвазија, ужасно е, луѓе умираат. Ние им помагаме, ние сме во првите пет земји кои донираме муниција и оружје на Украина. Но што со Македонија?“.