
„Апсолутно да“. Ова е одговорот на министерот за локална самоуправа Златко Перински на прашањето дали се уште е на ставот да биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори во подкастот „Наткаст“ на порталот „Курир“ со Љупчо Цветановски.
Перински вели дека е мотивиран и смета дека дел од неговото искуство во минатото и во јавниот сектор додека работел во рамки на Градот Скопје имал прилика да ги види најголем дел од проблемите и аномалиите со кои се соочува Градот.