Мисајловски: Ќе следи обнова на Украина, колку што можеме, ќе помогнеме

-Ќе следи обнова на Украина, нема да преземаме нешто што неможеме да го исполниме, колку што можеме ќе помагаме, рече во своето гостување во Дневникот на МРТВ министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

-Ќе треба да се определат дополнителни средста од нашите буџети, тоа сигурно ќе биде. и тоа е таа една нова реалност и и секоја земја ќе треба да помага, изјави Мисајловски.

-Нема да преземаме нешто што не мможеме да го исполниме, колку што можеме ќе помагаме. Согласно нашите капацитети мора да презмеме одговорност. Да внимаваме во следиот период, колку што можеме да помагаме, но да си гледаме и внатре. Да имаме силна држава и армија, рече министерот.

Додаде дека нас првенствено ни е најважна Македонија и македонскиот народ.

-Ние ако даваме дополнителна помош да се гледаме себеси, како нашата Армија да биде уште подобра, да се модернизира, но во исто време како да ги обновуваме сите опреми што ги даваме. Тоа е многу важно, бидејќи првенствено нас ни е најважна Македонија, појасни Мисајловски.