По студеното утро, преку денот сончево

Во Македонија во петокот утрово е многу студено, а преку денот ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Утринските температури се движат во интервалот од минус 13 до минус 4, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат меѓу 1 и 10 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината наутро е студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 9 степени.