Ставен е крај на несовесното фрлање на отпадни гуми, порача Стојкоски

Општина Ѓорче Петров започнува нова акција за управување со отпадни гуми, прва од ваков тип во Македонија, со цел намалување на загадувањето на воздухот и животната средина.

Сведоци сме на несоодветно постапување со отпадните гуми, кои често завршуваат во природата или се палат, предизвикувајќи сериозно загадување на воздухот!, објави Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.

За да ставиме крај на оваа опасна пракса, Општина Ѓорче Петров како една меѓу првите општини во Македонија потпиша меморандум за соработка со специјализирана компанија за управување со отпадни гуми, потенцира Стојкоски.

Ова е од големо значење за граѓаните.

Општинските служби ќе ги преземаат отпадните гуми и ќе ги транспортираат до безбедна локација. Специјализиран оператор со соодветна опрема ќе ги подигнува и соодветно ќе ги преработува. Спречуваме загадување и придонесуваме за почиста и поздрава околина!, потенцира Стојкоски.

И упатуваат апел до граѓаните, сите што имаат можност, своите отпадни гуми може директно да ги оставаат во Комуналниот Пункт на Општина Ѓорче Петров кај „Камин Кама“.

„Вашата поддршка прави разлика! Секој мал чекор е голем напредок! Заедно да создадеме почиста и поздрава околина! Мал чекор, но огромно значење за животната средина! Општина Ѓорче Петров продолжува со активни мерки за заштита на природата и подобар квалитет на воздухот!, потенцира градоначелникот Стојкоски.