
Во петокот се одигра претпоследното коло од квалификациските натпревари за континенталното првенство за кошаркари, а во пресрет на последните натпревари познати се имињата на 20 од 24-те репрезентации кои ќе се борат за титулата европски првак од 27-ми август до 14-ти септември на турнирот чиј домаќин е Кипар, Латвија, Полска и Финска.
Во квалификациите учествуваа екипите домаќини, но без натпреварувачко значење за нив, бидејќи им беше загарантиран пласман на завршниот турнир. Еден од губитниците од ваквата распределба беше и селекцијата на Македонија на која ѝ беа намалени шансите за втората позиција во групата со Полска, Естонија и Литванија, како и Хрватска која заврши на третото место во групата со Франција, Босна и Херцеговина и Кипар и првпат по осамостојувањето нема да игра на Евробаскет.
Исходот од квалификациите во пресрет на последното коло е непознат само во две групи: во групата Б не се знае дали Исланд или Унгарија ќе им се придружат на Италија и Турција. Исланѓаните во последното коло ќе ѝ гостуваат на Турција, а Унгарците ќе гостуваат во Италија. Исландските кошаркари имаат една победа повеќе, но во случај на пораз од Турците и победа на Унгарците во Реџо Калабрија би останале без пласман на Евробаскетот.
Во групата Д сите четири репрезентации сѐ уште имаат шанса за пласман на Евробаскетот. Актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Германија, има скор 3-2, како и Црна Гора. Шведска и Бугарија имаат по две победи. Во последното коло Германија ѝ гостува на Бугарија, а Швеѓаните ќе бидат домаќини на Црногорците.
Бугарите се во најлоша позиција кои мора да ја победат Германија за да имаат какви и да се шанси за пласман на ЕП. Ако не го сторат тоа, нема да биде важно како ќе заврши натпреварот меѓу Шведска и Црна Гора во Стокхолм, бидејќи Швеѓаните се подобри од Бугарите во меѓусебните мечеви и затоа би го освоиле третото место дури и ако загубат. Од оваа група без настап на Евробаскетот ќе остане само селекцијата која ќе заврши на четвртото место.
Покрај четирите кодомаќини на Евробаскетот, пласман пред последното квалификациско коло обезбедија уште 16 репрезентации: Словенија, Израел и Португалија од групата А – Италија и Турција од групата Б – Белгија и Шпанија од групата Ц – Франција и Босна и Херцеговина од групата Е – Грција, Велика Британија и Чешка од групата Ф – Србија и Грузија од Групата Х – Србија и Грузија од Групата Г – Естонија и Литванија од групата Х од која Македонија ги загуби шансите по поразот во Талин од естонската селекција во петокот.