
Кибуцот Нир Оз потврди во саботата дека телото на жената предадена од палестинската екстремистичка група Хамас во Појасот Газа и припаѓа на киднапираниот заложник Шири Бибас.
„Со длабока тага кибуцот потврдува дека Шири Бибас е убиена додека е држена како заложничка во Газа“, рече портпаролката.
Хамас во петокот го предаде нејзиното тело на Црвениот крст, ден по предавањето на туѓото. Во четвртокот милитантното исламистичко движење ги предаде и телата на синовите на 32-годишната германско-израелска државјанка – Ариел кој во моментот на киднапирањето имал само четири години и Кфир кој тогаш имал само 9 месеци. Беше предадено и телото на друг затвореник, 84-годишниот мировен активист Одед Лифшиц.
Израелските форензичари подоцна во четвртокот утврдија дека останките во четвртиот ковчег не припаѓаат на Шири Бибас, како што тврдеше Хамас.
Во соопштението од Форумот за заложници и исчезнати семејства, семејството Бибас рече дека експертите од израелскиот институт за судска медицина го идентификувале телото на Шири.
„Нашата Шири беше убиена во заробеништво и сега се врати дома кај синовите, сопругот, сестрата и целото нејзино семејство. И покрај стравовите за нивната судбина, се надевавме дека на крајот ќе успееме да ги прегрнеме, а сега сме во болка и скршено срце“, објави семејството, повикувајќи на итно враќање на сите преостанати заложници.
Хамас има намера да ослободи уште шест заложници подоцна во саботата, од кои тројца порано од планираното.
Предавањето на Тал Шохам, Омер Шем-Тов, Елија Коен, Омер Венкерт, Аверо Менгисту и Хишам ал-Сајед е предвидено да започне во 11 часот по локално време, а во замена се очекува Израел да ослободи од затвор околу 600 палестински затвореници, меѓу кои 60 отслужуваат долги казни, објавија палестински извори.
Меѓу шесте заложници што ќе бидат ослободени во сабота се и двајца мажи кои Хамас ги држеше во заробеништво околу 10 години. Пред киднапирањето тие самоиницијативно ја преминале границата со Појасот Газа. Според израелски извори и двајцата страдаат од психички проблеми.
Останатите четворица мажи беа киднапирани на 7 октомври 2023 година од членови на Хамас и други екстремистички групи во невидениот според масовноста, координираноста и бруталност напад врз воени бази, кибуци, наелби и градови во јужен Израел, кој резултираше со 1.200 убиства, од кои три четвртини се цивили вклучителн и деца и земање на над 250 заложници.
Тројца од оние денеска треба да бидат ослободени денеска биле грабнати додека присуствувале на музичкиот фестивал „Нова“ во близина на границата со Газа, а еден бил однесен од блискиот кибуц Беери, каде што бил кај роднините.