
Фудбалскиот клуб Вардар обезбеди место во полуфиналето на Купот на Македонија откако попладнево на арената „Тодор Проески“ оствари победа од 1:0 против кратовски Силекс.
Голот за победа го постигна Донгмо во 68.минута.
Актуелниот шампион на Македонија, Струга, како и Шкендија и АП Брера исто така изборија пласман во полуфиналето во Купот.
Резултати од четвртфиналето на Купот на Македонија:
Брера Струмица – Арсими 4:3 (1:1)
Детонит Плачковица – Шкендија 0:1
Струга – Гостивар 1:0
Вардар – Силекс 1:0.
Фото: ФФМ