Две лица повредени во сообраќајка на скопската обиколница

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила рано утрово на скопската обиколница.

– На 26.02.2025 во 05.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат „Мајка Тереза“, од клучка Волково кон клучка Приштина, С.А.(66) од село Љубин, скопско, управувајќи патничко возило „киа“ со германски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со возилото удрил во банкина. Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците Ф.А.(65) од с.Љубин и Ш.А.(41) од с.Љубин, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопштија од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.