Неготино доби нов затворен градски пазар

„Проектите што ќе бидат финансирани се околу 150 милиони денари во вториот повик, но и 150 милиони денари преку проектот и повикот којшто го објави Министерството за локална самоуправа ќе бидат финансирани во општина Неготино за инфраструктурни проекти и на тоа треба да се спомене и додаде дека на вчерашната владина седница помина проект за целосна реконструкција на улицата „29 Ноември“ во вредност од 36,5 милиони денари“, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во таа реконструкција, како што рече премиерот предвидена е атмосферска фекална канализација, потпорен ѕид и асфалт.

„Значи на тие 150 милиони имаме нови 36,5 милиони за Неготино со што ќе каже дека она коешто го ветуваме пред граѓаните и го исполнуваме. Така ќе продолжиме да работиме и во иднина, Македонија мора да биде повторно ваша на граѓаните, Неготино мора повторно да биде на неготинци“, заврши Мицкоски.