Претепан возач на автобус на ЈСП во Карпош, приведени две лица

Приведени двајца скопјани, нападнале возач на ЈСП и го претепале.

„На 25.02.2025 во 13:40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Б.(60) и С.О.Б.(59), двајцата од Скопје“, велат од МВР.

Тие се сомничат дека, по претходно недоразбирање во сообраќајот, во автобус на ЈСП физички го нападнале С.М.(51) од Скопје додека извршувал работни задачи како возач на автобус во ЈСП.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.