Доларот близу најниското ниво годинава, цените на нафтата пораснаа

На валутните пазари во средата во раното претпладневно тргување падна вредноста на американскиот долар во однос на кошницата со валути.

Индексот на доларот, кој ги покажува перформансите на американската во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 106,17 поени, што е блиску до најниското ниво оваа година, додека вчера во истиот момент од тргувањето изнесуваше 106,75 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 149,70 на 149,40 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0505 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0475 долари.

Цените на нафтата, пак, вратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,26 отсто, на 73,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,25 отсто, на 69,10 долари.