ДЗС: Негативен природен прираст и зголемен број разводи во последниот квартал лани

Бројот на живородени деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023, е намален за 4,2 проценти и изнесува 3.968 живородени деца.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на умрени лица во четвртиот квартал минатата година бележи намалување од еден процент во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 5.174 лица, а 10 од нив се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува минус 1.206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородени деца од бројот на умрени лица.

Податоците на ДЗС покажуваат дека во четвртиот квартал лани биле склучени 2.430 бракови, за 14,7 проценти помалку во однос на истиот квартал лани. Регистриран е 601 разведен брак, што е зголемување од 23, 9 проценти во споредба со истиот период од 2023 година