
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе воведат дополнителни царини од 10 отсто на кинеските производи од 4 март, кога ќе стапат во сила и царините за Канада и за Мексико.
Кинеските производи од почетокот на месецот се царинат со 10 проценти, а Трамп најави и дополнителни 10 проценти.
Трамп ги обвинува Канада и Мексико дека го олеснуваат влезот на дрогата фенталин во САД. Тој на мрежата „Трут сошл“ (Truth Social) објави: Се додека ова зло е присутно или не е сериозно контролирано, најавените царини (против Канада и Мексико) ќе стапат во сила на 4 март, како што е планирано“.
На почетокот на февруари Трамп најави дека ќе воведе царина од 25 проценти за Канада и Мексико поради илегалната миграција и шверцот на фенталин, смртоносна синтетичка дрога. Неколку часа пред стапување во сила на царините, тој ја пролонгира одлуката за 30 дена.