
Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи во четвртокот за уште една години извршната наредба за воведување санкции против Русија, се вели окумент кој во четвртокт го објави Белата куќа.
„Согласно член 202(г) од Националниот закон за итни случаи (50 U.S.C. 1622(d), со ова ја продолжувам националната вонредна состојба прогласена за една година во Извршниот налог 13660“, се вели во текстот.
Извршниот налог 13660 беше потпишан на 6 март 2014 година од тогашниот американски претседател Барак Обама. Документот воведува санкции против граѓаните и организациите кои наводно се одговорни за кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, откако црноморскиот полуостров Крим по преврарот во Киев преку референдим ја врати автономијата укината во раните 1990-ти и се врати во составот на Русија од која е пренсен во Украина во 1956 година во времето на власта на украинскиот комунист Никита Хрушчов.
Санкциите беа воведувани постепено започнувајќи од претседателот Барак Обама во 2014 година, па неговиот наследник Доналд Трамп во 2018 година и следниот претседател на САД, Џо Бајден во 2022 година. Првично, санкциите што ги продолжи Трамп беа воведени како одговор на дејствијата на Русија во Украина во 2014 година. Во наредните години, ограничувањата беа проширувани, опфаќајќи сè повеќе лица и организации кои ја поддржуваа руската политика во регионот. Администрацијата на Трамп во 2018 година воведе нови санкции како дел од заострувањето на притисокот врз Москва, а по почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, претседателот Бајден дополнително го прошири списокот на санкции.
На денешниот брифинг за новинарите во Белата куќа, Трамп рече дека „дејствата и политиките споменати во овие укази и натаму претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“.
Трамп вчера навести дека санкциите против Русија ќе останат на сила сè додека не се постигне мир во Украина. Тој нагласи дека нивното можно ублажување може да се разгледа само по крајот на борбените дејствија. Покрај тоа, американскиот претседател изјави дека во рамките на преговорите за завршување на конфликтот, Вашингтон ќе се залага дел од териториите под руска контрола да му се вратат на Киев. Во јануари, Трамп остави можност за воведување дополнителни санкции доколку Москва одбие да учествува во преговори за решавање на конфликтот.
На 18 февруари во саусиката престолнина Ријад се одржаа руско-американски преговори на високо ниво. Од Москва на дискусијата учествуваа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на претседателот Јуриј Ушаков. Вашингтон беше претставен од државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајкл Валц и специјалниот пратеник за Блискиот исток, Стивен Виткофф. По средбата, страните се договорија да создадат услови за целосно продолжување на билатералната соработка, да ги елиминираат ограничувањата за работата на амбасадите и да го започнат процесот за решавање на ситуацијата во Украина.
Дополнително, во текот на преговорите, првиот човек на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев на претставниците на САД им покажа табела со проценка на финансиските загуби на американските компании од различни сектори што ги претрпеа поради нивното заминување од рускиот пазар.
Вкупните загуби се проценуваат на 324 милијарди долари. Најголем пад има во американскиот информатички и медиумски сектор – 123 милијарди долари. Фирмите од американскиот енергетски сектор изгубија неколку десетици милијарди долари. Загубите во секторот на стоки за широка потрошувачка од распадот на односите со Русија изнесуваат 94 милијарди долари, во финансискиот сектор – 71 а во индустрискиот сектор – 26 милијарди долари.
Челникот на рускиот Фонд за директни инвестиции истакна дека санкциите наметнати од Американците посилно ги погодија самите САД отколку Русија. Во исто време, тој објасни дека загубите на Вашингтон се поврзани и со фактот дека многу земји почнале да го напуштаат доларот. Дмитриев истакна дека политиката на задржување на Москва не успеа и тоа мора искрено да се признае.