
Без вода денеска од 10:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ во Општина Центар.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од ф–100 милиметри на улица „Максим Горки“ бр. 13 во населба Центар.
Поради технички зафат на санација на затварачи од ф–300 милиметри и ф-125 милиметри на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ спроти Реплек, во периодот од 02:00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населбата Тафталиџе 2 и дел од корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ во општина Карпош.