Бившата жена на Трамп, ќерка му Иванка, Мик Џегер, Дастин Хофман… Кои други се на листата на педофилот Епштајн?

Американското Министерство за правда синоќа ја објави долгоочекувана серија документи поврзани со озлогласениот осуден педофил Џефри Епштајн, кој беше пронајден мртов во затворска ќелија во 2019 година додека чекаше ново судење во Њујорк.

„Њујорк пост“ наведува дека документите вклучуваат листа на контакти на Епштајн, податоци за летот за неговиот приватен авион познат како „Лолита експрес“ и докази собрани од властите за овој милионер кој познавал многу влијателни луѓе во Америка.

На списокот објавен синоќа се: Мик Џегер, Мајкл Џексон, актерот Алек Болдвин, Етел Кенеди, мајка на новиот американски министер за здравство Роберт Кенеди, поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, манекенката Наоми Кембел, рокерката Кортни Лав, актерите Џон Кери и Дастин Хофман, моделот и актерка Лиз Харли, но и Ивана Трамп, покојната сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп и нивната ќерка Иванка.