Кејти Пери патува во вселената со ракетата на Џеф Безос

Американската поп-ѕвезда Кејти Пери ќе лета во вселената со ракета управувана од Blue Origin на Џеф Безос, објави вселенската компанија.

Пејачката Пери (40) се приклучува на шестчлениот целосно женски тим кој ќе лета на претстојната мисија New Shepard NS-31 организирана од новинарката Лорен Санчез, сопруга на милијардерот Безос.

Тимот се состои од Пери, ракетниот научник Ајша Боу, биоастронаутичкиот научник Аманда Нгуен, ко-водителот на CBS Mornings, Гејл Кинг, филмскиот продуцент Керијан Флин и Санчез.

Ова ќе биде 11-ти човечки лет за програмата New Shepard до работ на вселената.

Во објавата на социјалните мрежи, CBS Mornings наведува дека Кинг „ќе оди таму каде што малкумина отишле порано“.

Санчез (55) во видео објава на социјалните мрежи рече дека се надева дека мисијата ќе ги инспирира луѓето да имаат „големи соништа“.

-Ако некој ми кажеше дека еден ден ќе можам да одам во вселената, ќе се насмеев, рече таа.

Blue Origin ги носи туристите на кратки летови во вселената од 2021 година.

Некои патници добија бесплатно возење, додека други плаќаа огромни суми за да доживеат бестежинска состојба.