
Република Македонија бележи скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на „Економист“, наоѓајќи се на 62 место на листата.
Зад Македонија се најдоа Србија, Албанија и БиХ. Србија е на 64-тото место, Албанија на 66-место, а БиХ на 88-мо место.
Пред нас од регионот се Грција на 25-то место, Црна Гора на 50-тото место, Хрватска на 56-то место, а едно место пред нас е Бугарија, односно на 61 позиција.
Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на еминентниот „Економист“ во однос на Индексот на листата за демократија.
Први на листата се Норвешка и Нов Зеланд, последен на 167-то место е Авганистан.