
„Денеска остварив средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која ја потврдивме нашата заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Во таа насока, ќе биде потпишана Заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил по средбата со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
„Овој Совет ќе претставува важен механизам за продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.
Убеден сум дека оваа иницијатива ќе придонесе за нови можности и уште посилни врски меѓу нашите народи“, истакнува Мицкоски.
Фото: Христијан Мицкоски Фејсбук