Мицкоски во посета на Турција, со Ердоган ќе потпишат декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска патува во посета на Република Турција.

Мицкоски ќе оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, при што ќе се потпише заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија.

Овој Совет се основа се со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.