Приведени три лица во тетовско за организирање на борба со кучиња

На 27.02.2025 во 16.00 часот во с.Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(18) од с.Горно Палчиште, С.У.(50) од с.Долно Палчиште и Ј.И.(43) од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња, соопштија од МВР.

За настанот биле известени јавен обвинител и Агенцијата за храна и ветеринарство, кои излегле на местото на настанот и кои ги презеле кучињата за натамошна постапка.

Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.