
Во петокот ќе преовладува променливо облачно време, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Утринските температури се движат во опсегот меѓу 1 и 8, додека највисоките во текот на денот ќе содветно ќе бидат од 8 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе достигне до 15 сстепени.