
-Премиерот кој секојдневно се кити со туѓи перја, кој не престана да фрла лопати на проекти и инвестиции реализирани од СДСМ, денес се обидува повторно да си присвои заслуги кои не се негови. Инвестициите во 2024 се резултат на работата на СДСМ и 90% од нив се целосно реализирани или договорени до фаза на реализација од СДСМ. Срамота е да се фали Мицкоски со нешто што не е негова заслуга, но тоа е одлика на оние кои освен манипулации немаат што да понудат, велат во соопштение од СДСМ.
-Единствена заслуга на Мицкоски во економијата е осиромашувањето на граѓаните, неспособноста да се справи со цените и инфлацијата која расте и игнорирањето на барањата за повисоки плати.
Економиијата тоне откако Мицкоски ја води државата и тоа е факт кој го чуствуваат сите граѓани. Наместо да глуми обидувајќи се да ги покрие сите скандали, му порачуваме да се одважи и да почне реално да работи за луѓето, не за свои интереси, додаваат од таму.