Серија А: Пресврт на Болоња против Милан

Фудбалерите на Болоња сосема заслужено го совладаа Милан со 2:1 пред своите гледачи во запстанатиот натпревар од деветтото коло на италијанската Серија А.

Иако домашните беа подобри во првото полувреме, гостите од Милано поведоа на неколку моменти пред паузата, а стрелец во 43. минута беше Португалецот Рафаел Леао. Сепак, Болоња израмни уште на стартот од вториот дел. По еден центаршут, топката се одби до Кастро, кој од непосредна близина погоди за 1:1.

Во 81. минута рамката од голот го спаси Милан, но Болоња само една минута подоцна поведе. Камбијаги ја испрати топката пред голот на Милан, а Ндоје само ја спушти ногата и погоди за победа на Болоња.

Болоња се искачи на шестото место на табелата, додека Милан падна на осмото место.