
По повод 28-ми февруари, Ден на лицата со ретки болести, УМС се одлучи преку трибина „Сите сме исти“ безрезервно да им даде поддршка на оние кои секој ден се борат со ретка болест.
На трибината свое обраќање имаа заменик министерот за социјална политика и демографија и млади, Ѓоко Велковски, детскиот невролог доктор, Данило Нонкуловски и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Трибината беше проследена од млади кои сакаа да слушнат нешто повеќе што би се превземало во иднина за сите оние кои со себе носат различни болести, но и да подадат рака за секаква помош. На трибината беа презентирани дел од проектите и програмата на министерството за социјална политика и демографија за млади, која предвидува подобрување на условите, овозможување и обезбедување на се што им е неопходно на овие лица.
Докторот Данило говореше за тоа колку се променети некои работи во здравството за овие лица, колку побрзо сега ги добиваат неопходните лекови и што всушност значат ретките болести и колку е важно навремено да се откријат и да се превземат соодветни мерки.
-Унија на млади сили во иднина ќе продолжи да биде безусловен партнер на лицата со ретки болести, велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.