Џин Хекман и сопругата починале девет дена пред да бидат пронајдени

Канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе ја сподели веста за смртта на Џин Хакман и неговата сопруга Бетси Аракава на прес-конференција.

Шерифот Адан Мендоза рече дека за време на аутопсијата на Џин Хекман, било откриено дека неговиот пејсмејкер ја имал својата последна активност на 17 февруари, девет дена пред да бидат откриени нивните тела.

Засега, истражувачите веруваат дека тоа бил денот кога Џин починал.

– Мислам дека е многу добра претпоставката дека тоа беше неговиот последен ден од животот – изјави шерифот Мендоза на новинарите за време на прес-конференција.

Шерифот Мендоза потврдил дека домот на парот бил негативен на труење со јаглерод моноксид и додаде дека едно од нивните кучиња било пронајдено мртво, додека други две кучиња биле пронајдени живи.⁠

Тој исто така додаде дека „нема очигледни знаци на напад“ и дека причината за смртта се уште не е утврдена бидејќи се чекаат токсиколошките извештаи.