Дрекслмаер ја затвора фабриката во Зрењанин поради немање нарачки

Компанијата за производство на гарнитури за кабли за автомобилската индустрија „Drexlmayr“ мора постепено да ја затвори фабриката во Зрењанин, потврдија од компанијата за српската агенција Бета .

Германскиот Drexlmayr, кој во Зрењанин вработува 2000 луѓе, мора да ги заврши сите свои активности таму до 2026 година поради падот на обемот на производство во европската автомобилска индустрија и недостатокот на нарачки.

Регионалниот претставник на компанијата, Ралф Капеле, на прашањето за најавата за затворање на фабриката, рече дека одржувањето на производството секогаш зависи од нарачките, но дека „Drexlmayr“ не успеал да обезбеди работа за фабриката во Зрењанин.

„Многу преговаравме со нашиот клиент и се обидовме со се’, но безуспешно. По внимателно разгледување на сите опции, за жал сме принудени да ја затвориме локацијата во 2026 година“, рече тој.

Тој рече дека компанијата е свесна за одговорноста кон своите вработени, на кои ќе им понуди соодветен социјален пакет.

„Ќе работиме рака под рака со синдикатот за да најдеме решение кое е во најдобар интерес на нашите вработени“, рече Капале.