
Политичка криза и бојкот на локалните избори од страна на ДУИ, насетува ВЛЕН од говорот на лидерот на Алтернативците, Али Ахмети. Тоа е причината што подолго време инвестираат во лажната перцепција дека Албанците не се адекватно застапени затоа што ДУИ не е во Владата, смета ВЛЕН.
-Но сега сè е јасно и нема дилема! Али Ахмети вчера од Липково самиот потврди: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Истовремено, го призна она што ние одамна го тврдиме. Иницијативата за Законот за употреба на Албанскиот јазик пред Уставниот Суд е кукавичкото јајце на ДУИ, со кое сака политички да профитира предизвикувајќи штета на ВЛЕН. Ахмети повеќе нема избор. Нивните анкети им ја потврдуваат суровата вистина – Албанците повеќе не сакаат да ги гласаат! Авторитетот на Али Ахмети е разнишан, бидејќи од командант на УЧК се претвори во заложник на Артан Груби. Сите знаат дека ДУИ сега е корумпирана партија, каде што неколку луѓе станаа милионери, нивните синови и ќерки се вработија со огромни плати, додека народот едвај врзува крај со крај!, соопштува ВЛЕН